„Ако одам во Битола“ — македонска народна песна, текст и музика од Петар Георгиев-Калица. Песната била првпат изведена во 1989 година од Октетот Македонија на фестивалот Валандово ‘89 во Валандово. Ако одам во Битола е најпозната песна на Петар Георгиев и многумина ја сметаат за химна на Битола.

Историја и одлики Песната се одликува со изворен 7/8 такт, а ја отсликува целокупната традиција на градот и животот на битолчани од памтивек до денес, што се чувствува уште во првиот стих: „Ако одам во Битола, ќе прошетам по Широк Сокак. А на Дембел-чаршија кафе ќе се напијам, младост мило ќе си спомињам…“ Според кажувањето на самиот Калица, иако со години се подготвувал да ја напише оваа песна, ја создал само за пет минути. Првпат била испеана на „Фолк-фест Валандово“, во изведба на октетот „Македонија“ и ја добила третата награда од жирито.

Текст Ако одам во Битола, ќе прошетам по Широк Сокак.

А на Дембел чаршија кафе ќе се напијам, младост мило ќе си спомињам. [x2]

Еј, мори моме, како да речам, за Солуна, за Стамбола, неа не давам. [x2]

Ако одам во Битола, ќе нарачам до три пајтона.

Први мене ќе носи, в' други чалгии ќе свират, в' трети товар, мерак ќе носам. [2x]

Еј, мори моме, како да речам, за Солуна, за Стамбола, неа не давам. [x2]

За Солуна, за Стамбола, Битола не давам.

Награди Трета награда од жирито на Фолк-фест Валандово '89

Наводи

Надворешни врски Текст и музика на pesna.org Ако одам во Битола во изведба на октетот „Македонија“ на Јутјуб Ако одам во Битола во изведба на Тоше Проески на Јутјуб Како се роди „Ако одам во Битола“ на Јутјуб „Ако одам во Битола“ на Јутјуб во изведба на Димитар Андоновски, групата Фонтана и Сара Мејс

Категорија:Македонски песни Категорија:Македонски народни песни Категорија:Песни за Битола Категорија:Песни на Петар Георгиев-Калица