Судичка Река — археолошко наоѓалиште во штипското село Врсаково. Претставува населба од доцноантичкото време. На 2 км североисточно од селото, десно од патот за селото Судиќ има рамнина која на источниот крај постепено паѓа кон Судичка Река. Во нивите на В. Николов, Љ. Стојанов и П. Јакимов, со површина од околу 4 хектара, има градежен камен, тегули и имбрекси, а биле раскопувани и темели од ѕидови. Исто така е присутен и голем број фрагменти од керамички садови, како и од пирамидални тегови од печена земја. Исти остатоци се забележуваат и на падините од левата страна на реката.

Поврзано

Врсаково; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско.

Наводи