Наваполацк или Новополоцк ( ; ) — град во северниот дел на Република Белорусија иВитепската област. Административно, Наваполацк има статус на град на обласна субординација на територијата на Полацкиот реон . мини|Колаж од фотографии на Наваполацк Според проценките од 2013 г. во градот живееле 107 088 жители.

Градот е центар на белоруската нафтена индустрија.

Географија Нови Полацк се наоѓа на левиот брег на реката Западна Двина, на само околу 6 км западно од градот Полацк.

Историја Во 1958 година околу 4 километри југозападно од денешниот град, на левиот брег на реката Западна Двина, започнале изработки за градење на голема рафинерија за преработка на нафта. Наскоро, се појави мала работничка населба на местото на денешниот град, која била наречена „Полацка населба на работниците“. Рафинеријата започнала со работа во 1963 година, а работниците кои ја граделе рафинеријата, во новата населба биле заменети со работници во рафинеријата и нивните семејства. Бидејќи споменатата рафинерија била еден од најголемите економски објекти од тој тип во тоа време, не само во Белорусија, туку и во целиот тогашен Советски Сојуз, населбата рапидно се развила и добила важност. Веќе на 14 декември 1963 година, новата населба го добила сегашното име Наваполацк (Нов Полацк) и слижбениот статус на градот на обласната субординациа.

Население Според проценките, во градот во 2013 г. живееле 107 088 жители. Движење на бројот на населението 1979 година 1989 година 1999 година 2009 година 2013 година 67 110 92 699 92 699 98 138 107 088

Економија Економијата на градот се заснова на нафтенопреработувачка индустрија, а самиот град учествува со 71% во вкупниот обем на производство на Витепската област. Најважните економски објекти се рафинеријата за нафта „Нафтан“ и фабриката за производство на синтетички влакна, која работи во рамките на рафинеријата „Полимир“.

Образование На 14 јули 1968 година катедрата на Белорускиот политехнички институт е отворен во Наваполацк, која 1 јануари 1974 годинапрераснала во Политехнички институт Наваполацк, а потоа во 1993 година и во Полацки државен универзитет во(ПДУ). Дури 9 од 11 факултети на ПДУ се наоѓаат во Наваполацк, додека одделите за филологија и информатичка технологија се во Полацк.

Спорт Најпознатите спортски екипи во градот се фудбалскиот клуб Нафтан, кој се натпреварува во Премиер лигата на Белорусија, а кои своите домашни натпревари ги игра на стадионот Атлант, со капацитет од 4 500 места и хокејашкиот клуб Химик-СКА . Хокејашкиот клуб бил победник на националната Екстралига во два наврати, односно играле во полуфиналето на Купот на европските шампиони во 1966 година.

Некои од најпознатите белоруски хокејаши ја започнале својата кариера во овој град, како што се браќата Андреј и Сергеј Костицин, Владимир Денисов и Сергеј Колосов.

Партнерски градови Градот Наваполацк потпишал меѓународни договори за соработка со следниве градови:

Плоцк, Полска (од 29 мај 1996); Орехово-Зуево, Русија (од 3 ноември 1998); Одинцово, Русија (од 10 февруари 1999); Живор Француска, (од 8 октомври 2001); Мазејкјај, Литванија (од 31 мај 2002); Пушкин, Русија (од 2003); Павловск, Русија (2003); Кстово, Русија (од 7 септември 2005); Вејхај, Кина, (од 25 април 2006); Лудза, Летонија (од 18 мај 2007); Вентспилс, Летонија (од 7 јуни 2008).

Поврзано

Витепска област Полацки реон Полацк

Наводи

Литература

- {Градови и села на Белорусија: Енциклопедија. Т.2, кн.2. Регион Гомел / С. В. Марселус; Уреднички одбор: Г. П. Пашко (главен уредник) и други. - Мн.: БелЭн, 520с.: Іл. Тираж 4000 примероци.  978-985-11-0330-6 } 2005.  978-985-11-0302-3

Надворешни врски

Официјалното мрежно место на регионот Локација на населбата на мапата на припадниот регион Список на населени места во Република Белорусија

Категорија:Градови во Белорусија Категорија:Населени места основани во 1958 година