Христо Ампов — ( во — во Софија, Бугарија). Учесник во македонското револуционерно движење.

Животопис Завршил гимназија во Солун. По првата светска војна бил член на Македонското студентско друштво во Софија и негов благајник. Одржувал врски со Привременото претставништво на бившата ВМРО Обединета. Бил член на ВМРО (Обединета), а по убиството на Симеон Кавракиров, станал секретар на Третиот областен комитет на ВМРО (Обединета), за пиринскиот дел на Македонија. Во своето политичко дејствување се залагал за зближување на ВМРО (Обединета) со протогеровистичката струја на ВМРО и за обединување на националфедералистичката струја на ВМРО (Обединета), врз платформата за единствен македонски револуционерен фронт.

Бил учесник на Цариградската конференција на ВМРО (Обединета) во 1929 година. По Втората светска војна активно учествувал во работата на Сојузот на македонските емигрантски друштва во Софија и во Македонскиот научен институт. Како претставник на македонската емиграција во Бугарија, учествувал на Второто заседание на АСНОМ (декември 1944), во Скопје.

Наводи

Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Починати во Софија Категорија:Македонски општественици Категорија:Дејци на Македонските братства Категорија:Дејци на Привременото претставништво на поранешната Внатрешна организација