79 Катастрофална ерупција на Везув - вулкан во Италија. Затрупани се градовите Помпеја и Херкуланеум. 1572 Бартоломејска ноќ во Франција: по наредба на Катерина Медичи, започнал масакрот на хугенотите во кој за неколку недели се убиени помеѓу 5.000 и 30.000 протестанти. 1814 Британските војски го нападнале Вашингтон и ја запалиле Белата куќа и неколку други јавни објекти. 1821 Потпишан е Договорот од Кордоба - денешен Веракрус, со кој Мексико се стекнало со независност од Шпанија. 1891 Томас Едисон ја патентирал камерата за подвижни слики. 1899 Група загрепски научници откриле коски, заби и орудиja на пралуѓето на подрачјето на Крапина, наодите биле значаен доказ за вистинската Дарвинова наука за еволуцијата. 1912 Алјаска е официјално прогласена за американска територија. 1939 Потпишан е договорот Молотов-Рибентроп за ненапаѓање помеѓу СССР и Нацистичка Германија. 1960 Во Восток на Антарктикот е измерена рекордно најниската температура: −88 °C . 2006 Дефиниран поимот „планета“ од страна на МАС во Прага, Чешка, според кој Плутон е џуџеста планета, а Сончевиот Систем има 8 планети. 2016 Откриена планетата Проксима Кентаур b — најблиската вонсончева планета до нашиот Сончев Систем. 24 август
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 24 август (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.