Дива Топола — археолошко наоѓалиште во штипското село Долани. Претставува населба од доцноантичкото време. Помеѓу 10-тиот и 11-тиот километар на патот Штип-Струмица, од десната страна, во нивата на еден жител се наоѓаат остатоци од кршен камен, малтер, како и делови од керамички садови. Теренот е рамнина со мал пад кон десниот брег на реката Лакавица, оддалечена 100 м западно.
Поврзано Ерџелија — населба од доцноантичкото време; Јаребичова Вода — водовод од доцноантичкото време; Кале - Градиште — утврдена населба од доцноантичкото време; Кутлевец — населба од римското време; Рамниште — населба од римското време; Ќерамидница — населба од доцноантичкото време; Чука — населба и некропола од доцноантичкото време; Долани; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско.
Наводи