Чука — археолошко наоѓалиште во штипското село Долани. Претставува населба и некропола од доцноантичкото време. Се наоѓа на зарамнета тераса на левиот брег на реката Лакавица, оддалечена 1 км десно од патот Штип-Радовиш, со површина од околу 2 хектара. Според кажувањата на еден жител, при орањето на нивите биле откривани темели од ѕидови, а друг жител откопал гроб со конструкција од камени плочи, без прилози. Денес на површината се забележуваат делови од керамички садови тегули и градежен материјал.
Поврзано Дива Топола — населба од доцноантичкото време; Ерџелија — населба од доцноантичкото време; Јаребичова Вода — водовод од доцноантичкото време; Кале - Градиште — утврдена населба од доцноантичкото време; Кутлевец — населба од римското време; Рамниште — населба од римското време; Ќерамидница — населба од доцноантичкото време; Долани; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско.
Наводи