Суперкупот на Италија за 2020 година (именуван како PS5 Суперкуп поради спонзорски причини) било 33-тото издание на Суперкупот на Италија, традиционален фудбалски натпревар во кој се среќаваат победниците од претходната сезона во Серија А и Купот на Италија. Натпреварот се одиграл на 20 јануари 2021 година на стадионот Мапеи во Реџо Емилија, пред празни трибини поради пандемијата на коронавирусот, што било прв ваков случаи во историјата на ова натпреварување. Во ова издание играле победникот на Серија А 2019-2020 - и победникот на Купот на Италија 2019-2020 - .
Јувентус победил со 2-0 со головите на Кристијано Роналдо и на Алваро Мората и ја освоил својата деветта титула во Суперкупот на Италија.
Натпреварот Преглед на натпреварот Ова бил четвртиот натпревар помеѓу Јувентус и Наполи во Суперкупот на Италија, а куриозитет е тоа што за Наполи ова било четвртото учество во ова натпреварување и во сите досегашни настапи како и во ова противник им бил Јувентус.Supercoppa Italiana 2020, chi affronterà il Napoli? Possibile avversaria, data e luogo. OA Sport. објавено на 18 јуни 2020. Во првиот натпревар одигран во 1990 година, Наполи славел убедлива победа со 5-1 на Сан Паоло. На вториот натпревар во Суперкупот помеѓу двете екипи се чекало цели 22 години, кога во 2012 во Пекинг Јувентус победил со 4-2 по продолженија, откако по 90 минути натпреварот завршил нерешено 2-2. Третиот натпревар се случил две години подоцна, во Суперкупот 2014 одигран во Доха, кога после уште еден нерешен резултат (2-2) Наполи го победил Јувентус со 6-5 по изведување на пенали и стигнал до својата втора титула во Суперкупот на Италија.
Натпреварот започнал мирно без поголеми возбудувања речиси во целото прво полувреме. Најдобрата шанса за гол во првото полувреме ја имале фудбалерите на Наполи во 29-мата минута кога на еден центаршут од левата страна со глава одлично шутирал Лосано, но неговиот удар со фантастичен рефлекс го запрел Шченсни. Од другата страна, најдобрата можност за Јувентус во првото полувреме ја имал Кристијано Роналдо, но неговиот удар од далечина завршил малку над пречката. Така, на пауза се отишло со почетниот резултат 0-0.
Во второто полувреме Јувентус влегол многу поангажирано барајќи гол кој би им донел водство, а првата голема можност ја имале уште на самиот старт на вториот дел кога обидот на резервата Бернардески (кој влегол на полувремето на местото на Кјеза) бил сопрен на гол-линијата од голманот Оспина. Иницијативата на бјанконерите вродила со плод во 64-тата минута кога по еден корнер се створила голема мешаница во шеснаесеттникот на Наполи каде најдобро се снашол Роналдо кој искористил една лошо избиена топка и ја сместил во мрежата на Оспина за водство на Јувентус од 1-0. Тој резултат се одржувал долго, а најдобрата шанса за израмнување Наполи ја имал во 80-тата минута: влезениот од клупата за резерви Мертенс во шеснаесеттникот успеал од зад грб да му ја украде топката на Мекени кој земал замав да ја избие топката, но наместо неа го погодил белгискиот напаѓач и по проверката со VAR, главниот судија Валери досудил пенал за Наполи. Пеналот го извел Инсиње, но неговиот удар завршил покрај голот на Јувентус и резултатот останал непроменет. Во четвртата минута од судиското продолжение Наполи имал уште една можност за израмнување, но ударот на Лосано пак како и во првото полувреме бил одбранет од Шченсни. Во последните секунди од натпреварот, Јувентус искористил една контра и по додавањето на Квадрадо, резервата Мората го постигнал вториот гол за торинезите со кој била запечатена победата.
Детали од натпреварот
GK 1 Војќех ШченсниRB 16 Хуан КвадрадоCB 19 Леонардо БонучиCB 3 Џорџо Кјелини LB 13 ДанилоRM 14 Вестон МекениCM 30 Родриго Бентанкур CM 5 АртурLM 22 Федерико Кјеза CF 44 Дејан Кулушевски CF 7 Кристијано Роналдо Клупа:GK 31 Карло ПинсољоGK 77 Џанлујџи БуфонDF 36 Алесандро Ди ПардоDF 37 Раду ДрагушинDF 38 Џанлука ФработаMF 8 Арон Рамзи MF 25 Адријан Рабио MF 33 Федерико Бернардески MF 41 Николо ФаџолиMF 56 Филипо РанокијаFW 9 Алваро Мората Тренер: Андреја Пирло GK 25 Давид ОспинаRB 22 Џовани Ди ЛоренцоCB 44 Костас МаноласCB 26 Калиду КулибалиLB 6 Марио Руи CM 4 Диего Деме CM 5 Тимуе Бакајоко RW 11 Ирвинг ЛосаноAM 20 Пјотр Желињски LW 24 Лоренцо Инсиње CF 37 Андреја Петања Клупа:GK 1 Алекс МеретGK 16 Никита КонтиниDF 19 Никол МаксимовиќDF 23 Елсеид ИсајDF 31 Фаузи ГуламDF 33 Амир РахманиMF 7 Елиф Елмас MF 68 Станислав ЛоботкаFW 14 Дрис Мертенс FW 18 Фернандо Љоренте FW 21 Матео Политано FW 58 Антонио ЧофиТренер: Џенаро Гатузо
Играч на натпреварот: Кристијано Роналдо (Јувентус)
Помошни судии: Даниеле Биндони Стефано Дел Џоване Четврти судија: Маурицио Маријани Video assistant referee: Марко Ди Бело Помошен video assistant referee: Џакомо ПаганезиПравила на натпреварот 90 минути. 30 минути продолженија ако е потребно. Изведување пенали ако резултатот е нерешен. Најмногу дванаесет замени се дозволени, од кој пет можат да бидат искористени.На секоја екипа им било дадено само три можности да направат замени, со исклучок на замените направени на полувремето, пред почетокот на продолжението и на полувремето во продолжението.
Екипа победник ЈувентусПобедник на Суперкупот на Италија 20209. титула
Наводи
Надворешни врски Lega Serie A
2020 Категорија:Фудбалски натпревари во 2021 година Суперкуп на Италија 2020 Суперкуп на Италија 2020