៛
Лулашка (француски: La balançoire) ― маслена слика масло на платно од францускиот уметник Пјер Огист Реноар од 1876 година, која била водечки експонент на импресионистичкиот стил. Сликата е со димензии 92 х 73 сантиметри и се наоѓа во Музејот Орсе. Реноар ја извршил сликата во денешните градини Музејот Монмартр. Тој изнајмил шупа во градините за да може да биде поблиску до „Мулен де ла Галет“ каде што се занимавал со сликање „Балот кај Мулен де ла Галет“.
Опис Луѓето на Реноар се чини дека стојат на шумскиот цветен под. Девојчето на лулашката може да има петнаесет години, нејзиниот розов фустан со капа на главата го зголемува шармот на сликањето.Pierre-Auguste Renoir: La Promenade By John House, Auguste Renoir, Светлината што трепери е прикажана од делови на бледи бои, особено на облеката и на земјата. Ова особено ги вознемирилоа критичарите кога сликата била прикажана на импресионистичката изложба од 1877 година.Impressionism By Nathalia Brodskaļa,
Модел била Жан Самари, миленичка на Реноар, кој се појавувала на многу негови слики. Двајцата мажи се братот на Реноар, Едмон и пријателот-сликар, Норбер Гонеут (исто така се појавува во Балот).
Поврзано
Лулашка, слика од Жан Оноре Фрагонар (околу 1767 година)
Наводи
Категорија:Слики од Пјер Огист Реноар