Руса седефка (Polygonia egea) е пеперутка од семејството на шаренците."Nymphalis Kluk, 1780" at Markku Savela's Lepidoptera and Some Other Life Forms Пеперугата живее во Јужна Европа, а ја има и во Македонија.
Опис Возрасните единки летаат од март до септември, во зависност од географската локација. Ларвите на пеперутки се хранат со растението Parietaria officinalis. Телото на пеперутката е темнокафено, а со иста боја се и антените. Горната страна на пеперутката е во кафеава боја. Внатрешноста на крилјата се исполнето со неправилни црни точки, а кон врвот на крилјата има темнокафени дамки. Самите крилја се забележителни по неправилната форма на рабовите. Покрај рабовите има темнокафена бордура. Долната страна наликува на исушен лист. Оваа страна е составена од различни нијанси на кафеава боја.Stichel, H. in Seitz, A. ed. Band 1: Abt. 1, Die Großschmetterlinge des palaearktischen Faunengebietes, Die palaearktischen Tagfalter, 1909, 379 Seiten, mit 89 kolorierten Tafeln (3470 Figuren)
Наводи
Поврзано Пеперутки во Македонија
Категорија:Шаренци Категорија:Инсекти на Македонија