мини|Sandy Bell's Sandy Bell's (изговорено: Санди Белс) ― музички паб во Единбург, Шкотска. Познат е како месно, така и меѓународно по традиционалните музички сесии во живо. Редовно бил посетуван од фолклористот Хамиш Хендерсон пред неговата смрт во 2002 година, и заради тоа има биста на Хендерсон прикажана над барот. Првично познат како „The Forrest Hill Bar“, пабот го зел своето име од сопственичката на зградата во 1920-тите, госпоѓа Бел, иако потеклото на името „Sandy“ е непознато.
Во текот на седумдесеттите години од минатиот век, во просториите бил снимен албум со наслов „Sandy Bell’s Ceilidh“, вклучително и настапи на Али Бејн, Дик Гоган и Мекалманс.
Наводи
Категорија:Британски пабови Категорија:Британска култура Категорија:Единбург