Белата капела на фараонот Сенусрет I, позната и како Јубилејна капела на Сенусрет I, била изградена за време на Средноегипетско Кралство. За време на Новото Кралство била срушена и користена како материјал за Третиот столб во храмот на Амун-Ре во Карнак.

Во 1927 година, демонтираните парчиња биле пронајдени во Третиот столб на главниот храм, конструиран во времето на Аменхотеп III, кај Карнак, а помеѓу 1927 и 1930 година сите парчиња биле внимателно отстранети. Овие парчиња потоа биле собрани во зградата што се гледа денес во Музејот на отворено во Карнак.Lacau & Chevrier 1969

Белата капела била изработена од варовник. Неговите столбови имаат релјефи со многу висок квалитет, кои тешко се гледаат на друго место во Карнак, и го прикажуваат фараонот Сенусрет како е крунисан и прегрнат од Амон, Хор, Мин и Птах.

По целата должина на основата на надворешните ѕидови има низа релјефи што ги прикажуваат амблемите и боговите на номите или покраините на Египет. На западната страна се наоѓаат домовите на Горниот Египет, а од источната се наоѓаат домовите на Долен Египет.

Слики од Белата капела

Наводи

Надворешни врски

Белата капела во проектот Карнак . Категорија:Стар Египет Категорија:Храмови во Египет Категорија:Археологија на Египет