мини|десно|250п|Хидројаловиштето Саса — хидројаловиште или јаловиштен простор од четири јаловишта во склоп на рудникот „Саса“.
Намена Јаловишниот простор е сместен по течението на Каменичка Река и служи за одлагање на јаловината настаната со одвојувањето на оловото и цинкот при преработката на рудата во рудникот „Саса“. Просторот е долг 1,5 км, широк 200 м и висок од 40-60 м.
Загадување Во септември 2020 година, од јаловиштата истекол јаловиштен материјал којшто се излеал во коритото на Каменичка Река поради што рудникот бил казнет со парична казна од 50.000 евра и бил задолжен да го исчисти речното корито.„Казна за Рудникот САСА – ќе плати 65 илјади евра поради истекувањето јаловина“. Макфакс. 25 септември 2020.
Галерија
Поврзано Рудник „Саса“ Каменичка Река
Наводи
Категорија:Саса Категорија:Јаловишта во Македонија