Балкански бакарец (Lycaena candens) е пеперутка од видот на бакарци. Пеперутката живее и во Македонија.

Распространетост Пеперутката живее во делови од Евроазија, поточно во Јужна Европа и Кавказот.

Подвидови L. c. leonhardi (Fruhstorfer, 1917) L. c. pfeifferi (Beuret, 1952) - Кавказ

Опис Пеперутката е мала по раст. Горната страна на крилјата е со забележителна портокалова боја. Самите рабови се со бела боја, а покрај рабовите има нијанси на црна боја. Телото на пеперугата е црно, а антените во црно-бела боја. Кај женките горната страна е целосно портокалова.Seitz, A. ed. Band 1: Abt. 1, Die Großschmetterlinge des palaearktischen Faunengebietes, Die palaearktischen Tagfalter, 1909, 379 Seiten, mit 89 kolorierten Tafeln (3470 Figuren) Ларвите се хранат со растението Rumex.

Поврзано Пеперутки во Македонија

Наводи