Николај Сличенко (Никола́й Алексе́евич Сличе́нко); 27 декември 1934) е руски актер, пејач и главен директор на Театарот Ромен во Москва. Тој е единствениот Ром кој добил награда за Народен уметник на СССР (1981).
Животопис Николај е роден во Белгород, во Русија, во ромско семејство. Дел од детството го поминал во време на Втора светска војна, во текот на војната, Николај изгубил многу братучеди и блиски луѓе. Кога бил мало момче, неговиот татко бил застрелан прен неговите очи во 1942 година. Послое војната, семејството Сличенко се наоѓала на ромски колективен имот во Вороњешка област. Тинејџерите морале да работат подеднакво со возрасните. Тоа било време кога Николај слушнал за ромскиот театар во Москва и сонувал да настапува во негов театар.
Во 1951 година, Николај е примен во театарот „Ромен“. Тој го привлече вниманието на водечките театарски мајстори. Секако, не му многу олеснило: започна како повеќето, како помошник глумец. Првата главна улога ја добил во 1952 година, кога сè уште немал осумнаесет години. Тоа било времето кога театарот се пресели во Сергијев Посад.
По претставата, Сличенко привлече внимание како способен глумец. Театарот започна да го вклучува во тековните репертоарни претстави. Сè на сè, тој играше во повеќе од шеесет улоги во неговиот домашен театар и глумеше во голем број популарни филмови, вклучувајќи ги „Под дождот и сонцето“, „Мојот остров е син“, Свадба во Малиновка и други.
Во 1977 година, Николај Сличенко стана генерален директор на театарот „Ромен“. Поради тоа, тој мораше да заврши сениорски курс за режисер, во Руската академија за драмски уметности, во 1972 година, под раководство на Народниот уметник на СССР, Андреј Гончаров
Звездата на Николај Сличенков, на 4 декември 1998 године, е поставена на тргоот на звезди во Москва.
Награди и признанија десно|мини|Сличенко со орденот на честа од претседателот на Русија, Дмитриј Медведев, 6 мај 2010 година
Ордени
веза=Order of Merit for the Fatherland|ивица|60x60пискел Орден за заслуга на татковината 2 класа (2020) веза=Order of Merit for the Fatherland|ивица|60x60пискел Орден за заслуга на татковината 3 класа (2004)Указ Президента РФ от 27 декабря 2004 г. № 1606 веза=Order of Merit for the Fatherland|ивица|40x40пискел Орден за заслуга на татковината 4 класа (1994) веза=Order of Honour (Russian Federation)|ивица|40x40пискел Орден на честа (2009) веза=Order of Friendship|ивица|40x40пискел Орден на пријателство (2014) веза=Order of Friendship of Peoples|ивица|40x40пискел Орден на пријателство помеѓу народите
Титули
Народен уметник на СССР (1981) Народен уметник на РСФСР (1975) Народен уметник на РСФСР (1969)
Награди
Државна награда на СССР (1987) Државна награда на Руската Федерација во област на култура (2013)
Наводи
Надворешни врски
Биографија Николаја Сличенкоа
Категорија:Родени во 1934 година Категорија:Руски пејачи Категорија:Советски глумци Категорија:Руски глумци Категорија:Руски режисери Категорија:Носители на Орденот за заслуги пред татковината од II степен Категорија:Носители на Орденот за заслуги пред татковината од III степен Категорија:Носители на Орденот за заслуги пред татковината од IV степен Категорија:Добитници на Државната награда на СССР Категорија:Носители на Орденот на пријателството меѓу народите Категорија:Народни уметници на СССР Категорија:Народни уметници на Руската СФСР Категорија:Починати во 2021 година Категорија:Починати во Москва