Козјачка Река (во горниот тек позната како Кучишка Река или Коџа Дере) — река во Македонија, североисточно од градот Штип.
Реката поминува низ селата Кучица, Козјак, Карбинци.
Именување
Во горниот тек реката е позната и под имињата Кучишка Река или Коџа Дере.
Тек
Козјачка Река се наоѓа на планината Плачковица, настанувајќи кај селото Кучица, кога на едно место се влева непостојан водотек и реката Вртешка.
Реката се влева во реката Брегалница кај селото Карбинци. Има сливно подрачје од 59,24 км2.
Брана
На реката била најавена изградба на брана во 2016 година по проект од 1994 година, но таа не е започната.
Галерија
Поврзано Кучица Козјак Карбинци Брегалница
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Кучица Категорија:Козјак (Штипско) Категорија:Карбинци Категорија:Реки во Македонија