Сонково ( ) е населено место со административен статус на мало гратче ( ) во европскиот дел на Руската Федерација и административниот центар на Сонковскиот реон сместен на крајниот исток на Тверската област . мини|Зграда на Сонковската железничка станица Според проценките на националната статистичка служба, во градот во 2013 година живееле 4 124 жители.

Географија Гратчето се наоѓа на крајниот исток од Тверската област, на само неколку километри западно од границата со Јарославската област, околу 127 километри североисточно од градот Твер. Самата населба лежи во периферниот дел на низината Горна Волга, а неколку километри западно од населбата започнува областа на малку побрановитиот морен Бежески врв. Населбата лежи на бреговите на реката Каменка, притока на реката Сит, на надморска височина од 170 до 180 метри.

Најблиските поголеми населби се градовите Бежек (28 км западно) и Красни Холм (31 км северно) и градот Кесова Гора (24 км јужно).

Историја Населбата е формирана во 1870 година како работнички камп на вработени за изградба на железничката пруга што ги поврзувала градовите Бологоје и Рибинск. По основањето, тој бил познат како Савелино. Населбата во 1903 година е преименувана во сегашното име Сонково, а во 1924 година станува парохиски центар. Во 1927 година доби статус на работнички град, а по основањето на Сонковскиот реон во 1929 година добил административен статус на регионален центар.

На крајот на XIX и почетокот на XX век, Сонково се развил како важен транзитен и трговски центар. За време на Втората светска војна, бегалците од окупираните делови на земјата биле пренесени преку железничката станица Сонково на слободната територија од една страна, а од друга страна се снабдувале со советските војници. На самиот почеток на војната, градот бил сериозно оштетен во германското бомбардирање.

Статусот на работничко гратче од 1927 година бил променет во статус на град во 2005 година.

Гратчето во 2010 година го одбележа јубилејот, 140 години од основањето.

Демографија Според податоците од пописот во 2010 година во градот живееле 4 007 жители, додека според проценките за 2013 година таму живееле 4 124 жители. + Движење на бројот на жителите1959 година1970 година1979 година1989 година2002 година2010 година2014 година4 9374 8435 0485 9884 5774 0074 124

Поврзано

Тверска област Сонковски реон Список на градови во Русија

Користена литература

Надворешни врски

Официјално мрежно место на регионалната администрација Неофицијален инфо портал на Сонковчани

Кратка историја на градот Сонково

Категорија:Населени места во Русија