Синчековиот шаренец (Melitaea phoebе) е пеперутка од семејството на шаренците. Оваа пеперутка живее во Евроазија, а ја има и во Македонија.

Опис Распонот на крилјата е од 34 до 50 мм. Горната страна на крилјата на пеперугите е во портокалова боја, со изразени црни вени. Помеѓу вените се наоѓаат препознатливите црни дамки во различна големина и форма. Рабовите на крилјата се бели, со црна бордура. Женката и мажјакот имаат иста шара, со тоа што женките се посветли. Долната страна на крилјата е малку поразлична. Предниот дел од долната страна е во портокалова боја, со црни вени и помал број црни дамки. Врвовите на крилјата се со посветли нијански. Задниот дел е во брановидни ленти од портокалова и кремаста боја со црни дамки.Seitz. A. in Seitz, A. ed. Band 1: Abt. 1, Die Großschmetterlinge des palaearktischen Faunengebietes, Die palaearktischen Tagfalter, 1909, 379 Seiten, mit 89 kolorierten Tafeln (3470 Figuren) Пеперутките летаат од април до септември, во зависност од локацијата. Ларвите се хранат со растенијата Plantago и Centaurea.

Галерија

Наводи

Поврзано Пеперутки во Македонија

Категорија:Инсекти на Македонија Категорија:Шаренци