Агова Чешма - Ветка Црква — археолошко наоѓалиште во гевгелиското село Смоквица. Претставува сакрален објект од римско време.

Наоѓалиштето е прогласено за културно наследство на Македонија.

Местоположба

Наоѓалиштето се наоѓа на 150 метри јужно од селото Смоквица, од десната страна на патот Скопје - Гевгелија.

Историја

Било прогласено за културно наследство на Македонија со решение од 31 декември 2003 година од страна на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата.

Опис

На него се гледаат фрагменти од архитектонска пластика и градежен материјал. Во профилот северно од храмот се среќаваат фрагменти од тегули од гробни конструкции „на две води“.

Поврзано Агова Чешма - населба од Неолитот; Аерот - утврдена населба и некропола од римското време; Вишов Јавор - некропола од железното време; Голи Рид — населба од доцноантичкото време; Градиште - Брест — населба од хеленистичкото време; Леските — утврдена населба од хеленистичкото и римското време; Мраморот - Манастир — населба и некропола од Доцната антика; Мушница — населба од доцноантичкото време; Св. Димитрија - осамен наод од римското време; Св. Илија - црква од средниот век; Туфка — населба од бронзеното време и хеленистичкото време; Ќерамидница — некропола од хеленистичкото време; Црквиште — населба од доцноантичкото време; Смоквица; и Список на археолошки наоѓалишта во Гевгелиско.

Наводи