Долна Црква — археолошко наоѓалиште во гевгелиското село Миравци. Претставува сакрален објект од римското време. На југоисточниот крај од селото, на десната страна на стариот пат Миравци-Гевгелија спорадично се среќаваат делови од керамички садови. Откриени биле повеќе делови од архитектонска мермерна пластика: тордиран столб и повеќе обработени блокови.
Поврзано Крчаново — населба и некропола од римското време; Мегдан — населба од доцноантичкото време; Чаушевец — населба од доцноантичкото време; Миравци; Список на археолошки наоѓалишта во Гевгелиско.
Наводи