Мечкин Дол — археолошко наоѓалиште во гевгелиското село Моин. Претставува водовод од доцната антика .

На 1,5 км западно од селото, на десниот брег на Чучуланска Река се гледаат остатоци од мал канал граден од камен и варов малтер, со димензии од 0,30 × 0,25 м. Исто така се пронајдени и фрагменти од керамички тубулуси. Се работи за остатоци од водоводна мрежа која го снабдувала со вода наоѓалиштето Чучулан

Поврзано Малечок Прлик — утврдена населба од доцнантичко време; Трајкова Чешма — населба од римско време; Тутулен — населба од доцнантичко време; Црнкова Чешма — водовод од доцнантичко време; Чучулан — утврдување од доцнантичко време; Џаипка — населба од доцнантичко време; Список на археолошки наоѓалишта во Гевгелиско

Наводи