Пресечки манастир — манастир во источниот дел на Македонија, на планината Осогово, во селото Пресека.

Историја Манастирот била изграден во текот на 1870-тите години. Во 2011 година, манастирот започнал да се обновува со средства прибрани од приватни претпријатија и верници, а притоа бил реконструиран кровот на манастирската црква, поправен бил конакот, а уредена била и околината.„Се реновира манастирот „Св.Харалампиј“ во кочанското село Пресека“. Идивиди. 22 јуни 2011.

Градби Во склоп на манастирот влегуваат една црква, параклис, конак, трпезарија и летниковец.

Црква „Свети Харалампиј“

Црквата е изгадена во карпа. Таа има правоаголна основа со осумаголна купола и мала апсида на источната страна.

Параклис Параклисот е сместен над манастирската црква, а од неговата страна има летниковец. Изграден е од бетонски тули и однадвор е варосан. Во неговата внатрешност има чешма, висечка полица со предмети и три слики, од коишто на едната е прикажана Богородица со Исус, на втората е претставена Тајната вечера, а на третата Исус.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Пресека Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Брегалничката епархија