Рождество на Пресвета Богородица – главна селска црква во селото Небојани. Сместена е во маалото Просија.
Историја Се претпоставува дека на местото на црквата во минатото имало крст каде што се собирале мештаните. Според легенда којашто ја прераскажувале постарите жители на селото, на местото седеле тројца селани и пред нив се појавила Богородица Марија. По тој повод, црквата била изградена во 1947 година.
Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со купола и полукружна апсида апсида на источната страна. Куполата има осумаголна основа и на секоја нејзина страна има по една монофора. Главениот влез на црквата е сместен на западната страна, а до него водат отворен трем и вестибил. Црквата има и спореден влез на јужната страна. Над вестибилот се издига камбанаријата којашто е со квадратна основа.
Дворот на црквата е ограден со метална ограда и во него има чешма.
Галерија
Поврзано Небојани Брегалничка епархија Кочанско архијерејско намесништво
Надворешни врски
Категорија:Небојани Небојани