thumb|right|Еразмо Ротердамски Герхард Герхардс, познат како Еразмо Ротердамски (латински: Desiderius Erasmus Roterodamus, во - во Базел) — холандски свештеник и хуманист. Поради големото влијание врз своите современици, тој бил наречен крал на хуманистите. Извршил големо влијание врз германската реформација, а реформата на црквата ја замислувал како реформа на клерот и на црковните општини, а не како реформа на догмата.

Животопис Еразмо Ротердамски бил ракоположен за свештеник, но живеел како самостоен учен човек.Адам Харт-Дејвис, Историја - сеопфатен визуелен водич. Скопје, 2009.

Творештво Најпознатото дело на Еразмо Ротердамски е „Пофалба на глупоста“, напишанo во 1509 година, a објавено во 1511 година. Во него, тој ја критикува корупцијата во Црквата, залагајќи се за живот во кој човекот ќе се раководи според постојните морални и религиозни начела. Делата на Еразмо биле меѓу првите печатени книги што имале голема читателска публика и придонеле за отворање на патот кон протестантската реформација.

Наводи

Категорија:Холандски хуманисти Категорија:Личности овековечени во споменикот „Валхала“ Категорија:Апсолвенти на Парискиот универзитет Категорија:Писатели на латински јазик Категорија:Апсолвенти на Кембричкиот универзитет