алт=Алесандро Манцони|мини|Алесандро Манцони Алесандро Манцони (италијански: Alessandro Manzoni, 7 март 1785 — 22 мај 1873) — италијански писател кој се смета за еден од најголемите лирски поети на италијанскиот романтизам и еден од најзначајните европски поети од XIX век.
Творештво Според Гете, Манцони е роден поет, а единствениот негов недостаток е тоа што не бил свесен за сопствените поетски квалитети и за она што произлегува од нив. Манцони премногу ја ценел историјата и поради тоа, во своите драми секогаш ставал објасненија за да покаже дека им останал верен на историските подробности, заборавајќи дека, иако неговите факти се историски, неговите ликови не се. Токму оваа опседнатост со историјата Гете ја сметал за главниот недостаток во делата на Манцони.J. P. Ekerman, Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života. Rad, Beograd, 1960, стр. 65 и 67.
Наводи
Категорија:Родени во 1785 година Категорија:Починати во 1873 година Категорија:Италијански поети Категорија:Носители на прускиот Орден за заслуги (граѓански) Категорија:Членови на Торинската академија на науките