Вознесение Христово – главна селска црква во селото Бели. Сместена е на височина во средишниот дел на селото.
Историја Црквата била изградена во 1870 година, но не е познато кога и од кој архијереј ја осветил. Иконите биле изработени во 19 век од страна на зографот Захариј Самоковец и други непознати творци. Внатрешноста на црквата не била зографисана.„Спанчевска парохија “. Брегалничка епархија.
Во март 2013 година, започнала обнова на црквата со средства прибрани од мештаните.„Ќе се обновува црквата „Свети Спас“ во село Бели Кочанско“. Фактор. 25 март 2013.
Во април 2015 година, црквата била ограбена и од неа биле одземени 1.500 денари.„Ограбена црквата „Свети Спас“ во кочанско Бели“. Канал 5. 14 април 2015.
Рушење и обнова Во декември 2020 година, објектот во целост бил срушен за на негово место да се изгради нов. Црковниот одбор донел одлука изградбата на новиот објект да се врши со поддршка од селаните, така што секое семејство би било задолжено во просек да учествува со 200 евра годишно сè додека трае обновувањето. Планирано било новата црква да биде изградена на темелите на старата, со истите големини, а новина би била изградбата на купола со којашто би се подобрил изгледот на црквата и подобро би се осветлила внатрешноста.„Ќе се гради нова црква на местото на „Св. Спас““. Вечер. 17 декември 2020.
Галерија Црквата пред рушењето во декември 2020 година
Поврзано Белски манастир Црква „Св. Илија“ - Бели Црква „Св. Петка“ - Бели Бели Брегалничка епархија Спанчевска парохија Кочанско архијерејско намесништво
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Бели Бели