Аполима (самоански: Apolima) е остров во Самоа. Овој е најмалиот населен остров во државата и се наоѓа во протокот Аполима. Источно се наоѓа островот Уполу, а западно Саваи.

Опис На островот има само едно село, Аполима Таи, кое има население од само 75 луѓе според пописот од 2006 година. Селото се наоѓа во внатрешноста на островот, во северниот дел.

Аполима е всушност кратер на мртов вулкан, кој достгнува 165 метри надморска висина. Островот има вкупна површина од скоро 1 километар квадратен. На островот се пристигнува само со брод. Може да се пристигне од северната страна.

На 2,4 километри северозападно се наоѓа островот Уполу, а на 7 километри се наоѓа Саваи. Веднаш до Аполима се наоѓа островот Маноно и ненаселениот Нулопа. Административно сите овие се дел од округот Аига-и-ле-Таи.

Галерија

Поврзано Уполу Маноно

Наводи

Категорија:Острови на Самоа