Свети Илија – манастирска црква на Белскиот манастир.

Историја Црквата била изградена заедно со манастирот чии темели биле поставени во 1964 година.

Архитектура Црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез е сместен на западната страна до којашто е доградена припрата. Над главниот влез има врамена икона на којашто е претставен Свети Илија, а од десната страна на главниот влез има спомен-плоча посветена на загинати борци во Првата балканска војна. Храмот има и спореден влез на јужната страна. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди. Внатрешноста на црквата не е зографисана, а иконостасот содржи икони распоредени во три реда.

Галерија

Поврзано Белски манастир Црква „Вознесение Христово“ - Бели Црква „Св. Петка“ - Бели Бели Спанчевска парохија Брегалничка епархија Кочанско архијерејско намесништво

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Белски манастир Категорија:Бели Бели