„Слуга“ () е руски филм (од жанрот комедија) од 2019 година. Режисер на филмот е Клим Шипенко. Главните улоги ги толкуваат: Милош Биковиќ и Александра Бортич.РТС, Слуга (пристапено на 1.1.2025) Премиерата во Русија се одржала на 26 декември 2019 година. Тој е најгледаниот филм на сите времиња во Русија (го гледале повеќе од 750.000 луѓе за само една ноќ, кога заработил околу три милиони евра на билетарниците). На 3 февруари 2020 година, заработката од филмот надминала 3,44 милијарди рубљи и со тоа станал најгледаниот филм во целата историја на руското кино.
Заплет Младиот Григориј, Гриша (го толкува Милош Биковиќ) е роден во богато семејство. Тој е толку вовлечен во неговиот лесен живот што мисли дека е „над законот“. Кога ќе отиде предалеку и ќе се соочи со затворска казна, неговиот татко презема радикални мерки. Поради сите испади и проблеми што ги создавал со своето арогантно однесување, таткото на Гриша вработува глумци и го носи синот назад во минатото. Со помош на стариот пријател, психолог, таткото смислува план за рехабилитација на неговиот непослушен син.
Гриша влегува во исценирана сообраќајна несреќа, кога ќе се освести, ќе биде 1860 година и тој ќе се најде на голем селски имот, како обичен слуга, без врски и без убав живот како што живеел дотогаш. Тој е опкружен со селани, мажи и жени кои не знаат за неговите „магични измами“ и кои не го штедат. Всушност, целото село било опкружено со камери на секој агол, коишто ги следат хероите.
Луѓето кои го опкружуваат на имотот се, исто така, слуги и никогаш не слушнале за мобилни телефони. Преку серија смешни сцени, гледаме како Гриша се снаоѓа како слуга, но и што се случува кога ќе види „модерна долна облека“ на убава девојка. Гриша минува низ тежок пат од разгален богаташ до човек кој ги цени малите животни задоволства и напорната работа. На крајот, тој ги исполнува добрите страни на вистинското пријателство и се разбира, љубовта.
Збор од глумците „Филмот е критика на општеството и претставува пресметка со начинот на размислување и со појавата во општеството на она што Русите би го нарекле специјалност. Тоа се млади арогантни луѓе кои не знаат да ги ценат работите околу нив и не знаат како да ги ценат луѓето околу нив, што е можеби уште поважно. Да, овој филм има тројно значење“ - изјавил Милош Биковиќ за филмот.
Надворешни врски Слуга - трејлер за филмови, YouTube Српски глумец во руска комедија: Арогантен богаташ Милош Биковиќ станува слуга, Мондо, 30 септември 2019 година. Бајка за разгалениот син на олигарх („Политика“, 14 јануари 2020 година)
Наводи
Категорија:Филмови од 2019 година Категорија:Филмски комедии Категорија:Руски филмови Категорија:Филмови на руски јазик Категорија:Филмови со Милош Биковиќ Категорија:Филмови на Клим Шипченко Категорија:Филмови со Олга Дибцева Категорија:Филмови со Александра Бортич