мини|300п|десно|Поглед на кањонот

Камник ― кањон на малата Кошевска Река, притока на поголемата Радањска Река, сместен во атарот на раселеното село Мал Габер, во југозападниот дел на Општина Карбинци, Македонија.

Местоположба

Овој мал кањон се наоѓа на Кошевска Река, притока на Радањска Река, во северозападниот дел на планината Плачковица. Кањонот е оддалечен 9 километри источно од градот Штип и 5 километри југоисточно од селото Радање.

Пристап

Најлесно се пристапува до самиот кањон преку селото Радање, каде завршува асфалтниот пат. Од сретселото кај Мехмед-агината џамија во Радање се продолжува по земјен пат долж долината на Радањска Река во должина од 4 километри. Кај поставената информативна табла се продолжува право, а при првата кривина на земјениот пат се врти лево и оттука всушност се навлегува во долината на малата Кошевска Река.

Низ самиот кањон има две патеки: потешка, покрај самиот водотек, и полесна на 30-40 метри над дното.

Особеност

Кањонот има должина од околу 1,5 километри и длабочина од само 10 до 50 метри. Тој е всечен по должината на типичната раседна линија меѓу доста распаднати и еродирани гнајсеви и цврсти амфиболити. Вниманието го привлекува по трагите од речната ерозија и начинот на всекување.

Кањонот започнува на околу 300 метри спротиводно од вливот на Кошевска во Радањска Река.

Без оглед на малите димензии, минувањето низ кањонот, особено преку тесните и вертикални карпи, претставува вистинско адреналинско доживување. Кошевска Река овде создала неколку помали, но привлечни водопади високи до 5 метри, со џиновски лонци во вид на базени. Без оглед што најчесто изгледа како мало поточе, водостојот може да биде доста променлив, а за време и после врнежи, слабиот поток станува силен и бучен пороен водотек.

Галерија Кањонот

Геоморфолошки особености

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Клисури во Македонија Категорија:Мал Габер