Голејца (Голеишта или Голевишта; ) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија.
Географија Селото се наоѓа во македонската област Голо Брдо, na 800-900 м југозападно од границата со Македонија, каде се наоѓа големиот свијок на Црн Дрим (по самата граница) и селата Трнаниќ и Бомово, Општина Дебар. На исток е селото Трбач, а на северозапад е Вичишта.
Историја Селото е споменато во Слепченскиот поменик и во поменикот на Mанастирот Матка во XVII век како Голевишта.
Во XIX век Голевишта било македонско село во Дебарската Каза кое било во тек на албанизација, односно истиснување на македонското население. Во поменикот на Бигорскиот манастир се зачувани низа македонски имиња од Голејца како Огнен, Дроздо, Сорбин, Рајан, Стојко и други. Според Афанасиј Селишчев во 1870-тите и 1880-те селото сè уште било македонско.Селищев, Афанасий. „Славянское население в Албании“, Издание Македонского Научного Института, София, 1931, стр. 11. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Голеишта (Goléichta) е село со 4 домаќинства сочинети од 8 жители Македонци-христијани и 5 жители Албанци-муслимани.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 172-173.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на почетокот на XX век селото веќе било наполно албанско, заведувајќи 65 Арнати-муслимани.
Весникот „Дебарски глас“ во 1909 г. напишал:
По Првата балканска војна во 1912 г. селото влегло во состав на Албанија.
Иселеништво Според истражувањата на Бранислав Русиќ објавени во 1954 г. во Баниште, Дебарско живеел родот Голеиштани (1 куќа) доселен од Голејца во 1885 г.
Поврзано Голо Брдо Дримколско-голобрдски дијалект
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Албанија Категорија:Голо Брдо Категорија:Булчица