thumb|right|300px|Музеј во Москва – Модата како огледало на историјата: 200 години руска мода. Руската мода во голема мера ги следела трендовите од западниот свет. Сепак, социјалистичката идеологија на Советскиот Сојуз постојано ги ублажувала и влијаела на овие трендови.

Историја на советската мода

Новата економска политика (1920-тите) Овластувањето за приватна деловна активност на Новата економска политика овозможило западната мода да влезе во Советскиот Сојуз.Djurdja Bartlett, FashionEast: The Spectre That Haunted Socialism (Cambridge: MIT Press, 2010), 28. Сепак, болшевичката идеологија се спротивставила на потрошувачката на западната мода како суштински капиталистичка практика. Западната мода ги потенцирала и економскиот статус и разликите меѓу половите според системот што сакал да ги обезличи и двата полови.Bartlett, FashionEast, 13.

Во раните дваесетти години на минатиот век, списанијата издвоени од партијата, како Работница - „Работливата жена“ и Krest’yanka (Крестјанка) - „Жената селанка“ понудиле дискурс за модата. На кориците биле прикажани жени во обична работничка облека, но списанијата често содржеле и реклами за приватни компании кои продавале стилска облека.Lynne Attwood, Creating the New Soviet Woman (New York: St. Martin's Press, 1999), 67. Меѓутоа, до 1927 година, пораката на списанијата постојано била: жените треба да бидат судени според нивната способност за работа, а не според нивниот изгледот. Модата, како помагало за убавина, се сметала за буржоаска и штетна за социјалистичкото општество.Attwood, New Soviet Woman, 68.

На нејзино место, државата нарачала проекти за да се смисли нов советски вид на фустан кој бил заснован на традиционална облека, конструктивистички форми, и технолошки постројки. Конструктивистите како Варвара Степанова и Александар Родченко се согласиле дека модата водена од пазарот е инхерентно штетна.Bartlett, FashionEast, 24. Тие ја искористија едноставната геометрија на кубизмот за да дизајнираат облека што е функционална, која лесно и масовно се произведува, а понекогаш е и унисекс.Bartlett, FashionEast, 15. Како резултат од недостаток на соодветен материјал и машинерија, оваа прозодежда или „производствена облека“, не ѝ се допаднала на пролетаријатската публика за која била наменета.Bartlett, FashionEast, 22. Дизајните биле достапни само за најпривилегираните припадници на интелигенцијата, кои на крајот ја претпочитаа западната мода наместо високо експерименталната прозодежда.Bartlett, FashionEast, 26.

Ера на Сталин (1930-1950) За време на ерата на Сталин, антимодните чувства почнале да се намалуваат. Списанијата кои биле санкционирани од партијата сега ја промовирале модата и убавината како неопходни делови од животот на советската жена. „Работница“ вклучувало и модни совети во речиси секое издание и редовно известувала за отворањето на нови модни куќи низ Советскиот Сојуз.Attwood, New Soviet Woman, 164. „Крестјанка“ дури организирала и патувачки ревии за да се донесе модата во руралните области.Attwood, New Soviet Woman, 133. Промовираната естетика била разновидна, почнувајќи од урбаниот лак до раскошната декорација.Bartlett, FashionEast, 72.Bartlett, FashionEast, 64-65.

Овој нов интерес за модата бил поврзан со тврдењето на Јосиф Сталин дека „животот станал подобар и повесел“.Attwood, New Soviet Woman, 132. Се сметало дека постојаните слики на обични жени и старомодни селани го шират капиталистичкиот став дека социјализмот создава сиромаштија. Модерната и убава облека било сигнал за културата и квалитетот на животот еднаков (или супериорен) на оној во капитализмот. Од Стахановитите, како најистакнати примери на успешни работници, се очекувало да се придржуваат до особено високите стандарди на изгледот. Тие често биле фотографирани облечени во фина облека дури и додека оделе во фабриката.

Во реалноста, рекламната мода беше надвор од можностите на повеќето граѓани. Советската индустрија не била во можност да произведе модерна облека во голема количина, а она што постоело не било достапно за општа продажба.Attwood, New Soviet Woman, 134. За време на Втората светска војна, советската модна индустрија паузирала.Bartlett, FashionEast, 82. Ако просечен советски граѓанин посакувал да има особено стилско парче облека, тој обично бил принуден да порача таква облека да му биде изработена од приватен кројач.Attwood, New Soviet Woman, 135. Секојдневната мода честопати се произведувала самостојно, а списанијата постојано ги советувале жените сами да си ја изработуваат потребната облека и да се грижат за нивниот изглед.Bartlett, FashionEast, 244.

Ера на Хрушчов (1950-1960) Одмрзнувањето на Хрушчов донело поголема застапеност на западната мода во домашните медиуми. Новинарите биле испраќани во странство за да известуваат за најновите меѓународни модни трендови.Bartlett, FashionEast, 141. Сепак, државните модни институции и списанија ги ублажиле овие трендови за советската публика. Модните „фанатици“ биле одбиени во корист на класичните, долготрајни стилови.Bartlett, FashionEast, 174. Покрај тоа, биле потенцирани умереноста и скромноста.Olga Vainshtein, "Female Fashion, Soviet Style: Bodies of Ideology" in Russia—Women—Culture, ed. Helena Goscilo and Beth Holmgren (Bloomington: Indiana University Press, 1996), 70. Карактеристичниот стил на Коко Шанел, на пример, бил особено ценет како симбол на безвременска и едноставна софистицираност.Bartlett, FashionEast, 248. Статија во Њујорк Тајмс од 1959 година ја критикувала советската мода како невпечатлива „неспретна копија“ на застарената западна мода.Bartlett, FashionEast, 139. Достапноста на овие стилови, сепак, била во пораст. Продавниците, како што била новоотворената стоковна куќа ГУМ, почнале да ја носат, но таквата мода била со високи цени.Bartlett, FashionEast, 145.

Онаму каде претходните генерации се сеќавале на „Големата татковинска војна“ и „црвениот терор“ на Јосиф Сталин, 50-те и 60-те години на минатиот век, ја создале „генерацијата Спутник“ и озлогласените стилјаги кои се залагале за нов, младешки бран во популарната култура.Tsipursky, "Fighting Western Fashion", 19. Во средината на 50-те години на минатиот век, советската влада донела анти-стилиагиска кампања преку „јавна цензура, понижување и срам“ заради влијанието и промовирањето на прекумерно западните модни норми.

Во претходните генерации, модата не била фокусна точка за советските идеолози и овие кругови честопати ја сметале за „аномалија во социјализмот“. Сепак, на крајот на Втората светска војна, за време на одмрзнувањето на Хрушчов, властите станаа свесни за модата и нејзиното значење на „природна сила“ во општеството; особено затоа што сé повеќе жени сакале и биле заинтересирале поубаво да се облекуваат. Затоа, модата станала авенија преку која советската влада, првенствено, ќе се обиде да ја обнови нацијата уништена од војната и да ги оживее напорите за промовирање на партиските чувства. Така се појавил симболот на повоениот „Нов советски народ“, при што младите помогнале во конструирањето на модернизирање на имиџ на новата комунистичка утопија и последователно помогнале во борбата против контракултурните движења како стилиагите од поп-културниот фронт.

Модата во ерата на Хрушчов се одликувала со систем на паралелни организации финансирани од државата. Постојат показатели дека Хрушчов, иако сè уште се спротивставувал на прекумерната природа на уметноста и архитектурата во западната култура, бил благ во предрасудите кон модата и индустријата за облека. Во 1964 година, Хрушчов ја надгледувал четвртата седница на Врховниот совет на СССР на која се промовирале мерки за програмата на Комунистичката партија во областа на подигнување на народниот просперитет. Тој изјавил: „Работниците сакаат да имаат облека и обувки кои се со современ стил и со убави бои и кои соодветствуваат на сезоната и на модата. Тоа е добро.“

Но, во Програмата за третата страна на која тој се надоврзал (усвоена на Дваесет и вториот партиски конгрес во 1961 година), и која ветувала доаѓање на целосен комунизам во 1980-те, не се споменувало ништо за модата. Што се однесува до потрошувачката на облеката, таа само требала да ги задоволи „рационалните потреби на разумните луѓе“.

Од раните 1960-ти до доцните 1980-ти години, СССР го развил најголемиот систем на моден дизајн и маркетинг во Социјалистичкиот свет; со 30 регионални модни куќи кои вработиле над 2802 дизајнери.

Внимателно бил проценет новиот пристап на државата кон модата. Промовирањето на прекумерната мода што се случило во ерата на Сталин и контрастот со реалната достапност, доведоа до незадоволство кај јавноста. Во ерата на Хрушчов, државната индустрија за облека сè уште не била во можност да произведе масовни количини модерна облека.Bartlett, FashionEast, 150. Сепак, поедноставената мода, отфрлањето на вишокот и високите цени ѝ дадоа на индустријата мерка за контрола над побарувачката на потрошувачите. До раните 60-ти години на минатиот век, стандардите за изглед на средната класа се зголемиле, па така уличната мода во Москва речиси и не се разликувала од онаа во градовите од Западот.Bartlett, FashionEast, 184.

Во исто време, модните движења на контракултурата се зголемувале меѓу елитната младина. Стилјагите, или „ловците на стилови“, првично го засновале својот изглед на медиумските портрети на западната (особено американската) мода. Мажите носеле парчиња облека како на пример хавајски кошули, очила за сонце, тесни панталони, и чевли со шпиц, додека женските стилјаги носеле мини здолништа и одржувале детски изглед. Овие стилови биле етикетирани како „претерани“, а групите Комсомол понекогаш влегувале во скривалиштата на стилјаги и им ја уништувале облеката.Christoph Neidhart, Russia’s Carnival: The Smells, Sights, and Sounds of Transition (Lanham, Maryland: Rowmand and Littlefield, 2003), 49.

За некои историчари, ерата на Хрушчов претставувала идеолошка промена во голема мера промовирана со меѓународни контакти преку размена на стоки; најавувајќи го новиот тренд на западните вредности, барем во однос на културното изразување. Сепак, овие ставови се контроверзни, а некои научници го разгледувале растот на колективниот надзор од советската влада и појавата на „доброволна полиција“ што ја зголемила „преваленцата на социјална контрола на дневно ниво под Хрушчов“.

thumb|right|300px|Музеј во Москва

Ера на Брежњев (1970-1980) До крајот на 60-тите години на минатиот век, советските модни институции, како централизираното модно биро ОДМО (Куќа на прототипови на целата унија), ги прифаќале сè повеќе западните трендови.Bartlett, FashionEast, 213. Во исто време, сè уште постоело потреба да се воспостави карактеристична советска мода. „Вселенската мода“, на пример, се вклопувала директно со државната идеологија со славење на триумфот на советската наука.Bartlett, FashionEast, 214.

Реалноста, сепак, се разликувала од дизајнот на ОДМО. Советската индустрија не можела да оди во чекор со побарувачката за модерна стока, а понудата во продавниците на СССР била полоша отколку во другите социјалистички земји.Bartlett, FashionEast, 216. Јавноста исто така била незадоволна од достапните производи. На пример, на жените од СССР не им се допаѓале промовираните дизајни кои вклучуваат руски етнички отпечатоци до таа мера што таквиот стил станал попопуларен на Западот отколку во Советскиот Сојуз.Bartlett, FashionEast, 230.

Средната класа сè повеќе ја идеализирала западната мода бидејќи била видлива, но не можела лесно да се купи.Vainshtein, "Female Fashion," 73. Сините фармерки произведени во Америка биле особено посакуван производ.Neidhart, Russia's Carnival, 50. Продавниците за половна роба биле еден извор за западната мода, бидејќи посетителите од Западот можеле да увезуваат стока и да ја продаваат за висока цена. Малопродажниот ланец Бериозка исто така продавал облека од Западот, но само на малкумина привилегирани кои можеле да плаќаат во готовина или со девизни сертификати. Девизните сертификати и западната облека биле достапни и на црниот пазар.Bartlett, FashionEast, 267.