Кувшиново ( ) е град на северозапад на европскиот дел на Руската Федерација. Сместен е во централниот дел на Тверската област и е административен центар на Кувшиновскиот реон. мини|Централен градски плоштад Според пописот од 2010 година во градот живееле 10 007 жители, додека според проценките на Националната статистичка служба на Русија во 2014 година градот имал околу 9 574 жители.

Географија Градот Кувшиново се наоѓа во централниот дел на Тверската област во подрачјето на Валдајските ридови, околу 120 километри западно од административниот центар на градот Твер. Лежи на бреговите на реката Осуга (притока на Тверца и дел од басенот на реката Волга), на местото каде што во неа се влева реката Негоч, на надморска височина од околу 230 метри.

Патот Торжок - Осташков поминува низ градот.

Во северниот дел на градот на реката Нагоч, била изградена мала брана, која го формирала вештачкото Нижнегочко езеро.

Историја лево|мини|141x141пкс| Стариот советски грб На сливот на реката Негоч во Осуг се наоѓало селото Каменоје ( ; или Каменскоје, ) кое се споменува во некои летописи од 1624 година. Во селото во 1799 година грофот В. П. Мусин-Пушкин основал фабрика за производство на целулоза и хартија . Фабриката во 1869 година е купена од извесен московски трговец М. Г. Кувшинов.

На иницијатива на Кувшинов во 1910 година се отворила железничка станица во селото, односно пругата што го поврзувало селото со Торжок. Новоотворената железничка станица го добила името Кувшиново по негово име. Во 1916 година, пругата била проширена до Селижарово. Селото Каменоје и станицата Кувшиновово 1938 година се обединети во единствена населба Кувшиново која истата година добила статус на град.

Интересно е што во Кувшиново (односно во Каменеј) живеел и славниот руски писател Максим Горки, кој од октомври 1897 година, до јануари 1898 година живеел во просторијата на Николај Васиљев, работник во фабрика за хартија, кој го водел илегалното револуционерно движење во населбата.

Сегашниот градски грб беше усвоен во 1996 година.

Население Според податоците од пописот во 2010 година во градот живееле 10 007 луѓе, додека според проценките на Националната статистичка служба за 2014 година градот имал 9 574 жители. +1939 година1959 година1970 година1979 година1989 година2002 година2010 година2014 година7 90913 54912 96313 47112 43511 27610 0079 574

Поврзано

Тверска област Список на градови во Русија Кувшиновски реон

Користена литература

Надворешни врски

Кувчиново на енциклопедијата Мој град Хералдичка историја на Кувшинов Официјална страница на регионалната администрација

Категорија:Градови во Русија Категорија:Градови во Тверската област Категорија:Преименувани населени места во Русија