„Седмо небо“ e ресторан кој се наоѓа во ТВ кулата Останкино во Москва, Русија. Тој бил највисокиот ресторан во светот од 1967 до 1975 година. Сега е трет највисок ресторан, по Кантоновата кула и кулата ЦН, и осми највисок ресторан во светот.

Рестора мини|Внатрешноста на ресторанот нот се состои од три сали: „Бронзена“, „Сребрена“ и „Златна“ и зафаќа три одделни ката на надморска височина од 328–334 м над земјата. Вкупната површина на салите е 600м, а ширината на секоја од трите сали е 2.5 метри.

Ресторанот бил и сè уште е многу популарна туристичка атракција во Москва. Максималниот капацитет на секоја од салите е до 80 лица. Задолжително треба да се резервира за посета. Во периодот од 1967 и 1997 година, ресторанот го посетиле над 10 милиони луѓе.

Надворешни врски

Ресторан страница и резервации

Наводи

Категорија:Знаменитости во Москва Категорија:Координати на Википодатоците