Tenthredo olivacea е вид пиласта оса од семејството Tenthredinidae (обични пиласти оси), потсемејство Tenthredininae.Biolib
Опис Tenthredo olivacea може да достигне должина од околу 8-14 милиметри. Оваа оса има зелено тело и зелена глава, со темнозелени очи. Главата, градниот кош и стомакот имаат црни ознаки. Грбната површина на бедрената коска, тибијата и тарзусот покажува црна линија. Крилата се стаклесто провидни со црни жилки. Иако овој вид е сличен на Rhogogaster viridis, сепак има потенко тело. Покрај тоа, R. viridis покажува црни прстени на тарзусот.Nature Spot
Возрасните единки може да се најдат од мај до август. Тие се хранат со полен, нектар, медлика и мали инсекти, додека ларвите се хранат со разни тревни растенија. Ларвата и биологијата на овој вид не се многу проучени.Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 207-208
Живеалиште Овој вид може да се најде во поголемиот дел од Европа.
Наводи
Надворешни врски
Бембикс.де
Категорија:Растителни оси Категорија:Инсекти на Македонија