Tenthredo solitaria е вид на растителна оса.

Живеалиште Овие оси се распространети низ цела Европа. Во Македонија се наоѓаат во западниот дел.Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 204

Опис Tenthredo solitaria може да достогнат должина од 9-13 милиметри. Главата е црна, клипеусот и горната усна се жолти. Антените се црни, четирите последни членчиња се бели. Долниот агол на очите има жолт белег. Градите се црни со бела дамка. Крилата стаклесто провидни, а жилките кафеави. На абдоменто првите три сегменти и двата последни се со црна боја, а останатите се црвени.

Ларвите имаат жолта или кафеава глава. Телото им е еднобојно, сивозелено со тенки темни средни линии. Ларвите се развиваат во текот на април и мај на растението Euphorbia cyparissias. Возрасните единки се среќаваат во периодот април-јули.

Наводи

Категорија:Растителни оси Категорија:Инсекти на Македонија