мини|Современиот реконструиран мост Ајои мини|Областа околу земјата по бомбардирањето во Хирошима. Мостот Ајои во облик на „Т“ бил видлив во близина на центарот. Мостот Ајои (јапонски: 相生橋, ајои хаши) ― необичен мост во облик на "Т" со три насоки во Хирошима, Јапонија. Првичниот мост, изграден во 1932 година, бил цел на атомската бомба во Хирошима во 1945 година, бидејќи неговиот облик лесно се препознавал од воздухот. Иако мостот не бил уништен од атомската експлозија, тој претрпел големи штети. По војната, мостот бил саниран и останал во функција скоро четири децении, пред да биде заменет со нов мост (изграден како реплика) во 1983 година. Преживеаниот дел од подниот носач од првичниот мост последователно бил дониран во Меморијалниот музеј Хирошима. лево|мини|Првичниот мост Ајои Најдолгиот дел од мостот ја преминува реката Ета северно од островот кој го содржи округот Накаџима-чо. Спуштањето на долниот тек на „Т“ го поврзува главниот мост со островот, а исто така е и северен влез во Меморијалниот парк Хирошима.
Наводи
Надворешни врски
Virtual tour of the Hiroshima Peace Memorial Museum: Aioi Bridge Hiroshima & Nagasaki Remembered: Aioi Bridge
Категорија:Атомско бомбардирање на Хирошима и Нагасаки Категорија:Мостови во Јапонија Категорија:Статии со текст на јапонски