Угра ( ) е национален парк во централна Русија, сместен во Калушката област, во долината на реката Угра. Основан е на 10 февруари 1997 година за да ги заштити типичните пејсажи на централна Русија. Во 2002 година , беше прогласен за резерват на биосферата на УНЕСКО. Седиштето на националниот парк е во Калуга.
Географија Вкупната површина на паркот е 986 245 км². Се состои од седум кластери групирани во три области,
Северниот дел ја вклучува долината Угра од границата со Смоленската област низводно до селото Курвоскоје. Овој дел се протега низ три реони: Дзержински, Износковски и Јухновски; Јужниот дел ја опфаќа долината на реката Жиздра сè до нејзиниот влив; Воротиншкиот дел, најмалиот од сите три, го опкружува селото Воротинск.
Некои од цицачите пронајдени во паркот се: лос, дива свиња, срна, европски дабар и бизамски стаорец. Сибирскиот воден крт е загрозен вид што живее во езерските подрачја во рамките на паркот.
Туризам Реките во паркот се популарни за кајак.
Паркот се наоѓа во историското подрачје со значителен број на културни атракции кои вклучуваат манастир Оптина, како и местото на Големата битка на Угра која во 1480 година се одиграал меѓу армиите на Големото Московско Кнежевство и Златната орда .
Користена литература
Надворешни врски
Категорија:Калушка област Категорија:Национални паркови во Русија Категорија:МСЗП-Категорија II Категорија:Биосферни резервати во Русија