Вистинска љубов е романтична и историска мексиканска теленовела, сместена во мексиканскиот период по независноста од средината на 19 век.

Серијата е снимена во Мексико, во текот на 2003/2004 година, со 95 епизоди. Серијата стекна огромен успех во целиот свет, а поради тоа и на мексиканските ТВ и Новеле Награди, освои неколку награди, како и најглавната за најдобра теленовела за 2004 година. Оваа теленовела се емитуваше низ целиот свет, а некои ја сметаат и за најдобра теленовела на сите времиња. Во 2005 година добила на ДВД издание со англиски превод. Сепак, со одличната песна исполнета од мексиканскиот пејач Син Бандера, и одличната костимографијa, освоија огромен дел од публиката.

Синопсис Чувствителната и префинета Матилде Пењалвер и Беристаин, ни малку не се грижи за однесувањето во тоа време. Таа се заљубува во Адолфо Солис, надевајќи се како нејзиниот добар татко Иларио, ќе и допушти венчавка. Но, нејзината злобна мајка Августа, и нејзиниот брат Умберто, одлучуваат да ја венчаат за богат човек за да ја спаси фамилијата од банкрот. Најдобар кандидат за оваа титула им се гледа Мануел Фуентес Гера, згодно момче кое штотуку го наследило семејното наследство. Напуштен од својата мајка Росарио растел покрај својот татко. Кроејќи ги своите планови, Августа и Умберто го испраќаат Адолфо во затвор и и велат на Матилде дека тој побегнал бидејќи бил женет. Шокирана и потиштена, младата девојка одлучува да се венча со Мануел. После враќањето на имотот, Матилде мора да живее покрај човек што не го сака, но и мора да ја поднесува злобната Антонија, која е заљубена во Мануел. Но сепак, со текот на времето, љубовта на нив двајца, станува се посилнa и Матилде го заборава Адолфо, но сплетките, интригите, лагите и љубомората која ги окружува нив двајца, ќе ги поттикне двајцата заљубени срца, да докажат колку нивната љубов е вистинска...

Улоги Глумци ЛиковиАдела Нориега МатилдеФернандо Колунга МануелМаурицио Ислас АдолфоХелена Рохо АвгустаЕрнесто Лагуардиа УмбертоАна Мартин РосариоМаријана Леви ХосефинаШантал Андер АнтониаМаурисио Херера Отец УрбаноАна Берта Еспин ПруденсијаРафаел Рохас Амадор

ДВД Издание

Мексиканската продукција Телевиса издаде и оригинален ДВД пакет од серијата Вистинска љубов. Во пакетот се состоат 2 двд цедеа, со сите 95 епизоди.

Емитирање на Балканот Македонија: Сител Телевизија Србија: Пинк Телевизија Босна и Херцеговина: Пинк БХ Хрватска: ХРТ1 Бугарија: Евроком Црна Гора: Пинк М Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место Сериалс.ру

Категорија:Мексикански телевизиски серии Категорија:Теленовели