Волгоград арена ( ) е мултифункционален спортски комплекс во чие средиште е фудбалски стадион во градот Волгоград, во Волгоградската област на Руската Федерација. мини|Внатрешен изглед на стадионот Локација лево|мини| Надворешен изглед на стадионот Стадионот е наменски изграден за потребите на Светското првенство во 2018 година. чиј домаќин е Русија, на местото на поранешниот Централен стадион во подножјето на монументалниот споменикот на Мамајев Курган.
Изграден е во јуни 2015 година до крајот на ноември 2017 година, а трошоците за изградба изнесуваа 16,367 милијарди руски рубли.Предварительная стоимость возведения волгоградского стадиона к ЧМ-2018 оценивается в 17 млрд рублей Предвидената сместивост на стадионот е 45 568 места,Volgograd Arena . FIFA. вклучувајќи 2 280 места за новинари, 640 VIP ложи и 460 места за лица со посебни потреби.
Планирано е по светското првенство, стадионот да биде предаден на употреба на локалниот фудбалски клуб ФК Ротор. Предвидено е да се одиграат четири натпревари во групната фаза на Светското првенство во Русија.
ФИФА Светско првенство 2018 година десно|мини| Натпревар помеѓу Нигерија и Исланд Датум Време Тим # 1 Резултат Тим # 2 Група Број на посетители 18 јуни 2018 година 21:00 часот 1 : 2 Група Г 41 064 22 јуни 2018 година 18:00 часот 2 : 0 Група Д 40 904 25 јуни 2018 година 17:00 часот 2 : 1 Група А 36 823 28 јуни 2018 година 17:00 часот 0 : 1 Група Х 42 189
Поврзано
Светско првенство во фудбал 2018 година Волгоград
Користена литература
Надворешни врски
Информации за стадионот на мрежното место на ФИФА Податоци на мрежното место на Организациониот одбор на СП 2018.
Категорија:Волгоград Категорија:Стадиони за Светското фудбалско првенство - 2018