Аријан од Никомедија, наречен и Флавиј Аријан (89 година - 145/6 година од нашата ера) од Никомедија (денес Измит во Турција) ― писател, историчар и извор за историјата на Александар Македонски. лево|мини|Александровата анабаза, реиздание од 1575 година Тој направил блескава кариера во времето на владеењето на царот Хадријан. Најпрво бил избран за конзул, а потоа за гувернер на провинцијата Кападокија (периодот помеѓу 131–137 година). По смртта на Хадријан се повлекол во Атина и започнал да се занимава со книжевна работа. Најзначајно негово дело е „Александровата анабаза“ („Историја на војните на Александар“), во седум книги.

По примерот на Ксенофонт, Флавиј Аријан пишувал философски, историски и воени записи, така што на шега бил наречен Xenophon redivivus.Miloš N. Đurić, „Stoička škola i Marko Aurelije“, во: Marko Aurelij, Samom sebi. Beograd: Dereta, 2004, стр. 22. Исто така, тој бил под лвијание и на постарите извори (Птолемај, Аристобул и други). Од зачуваните истории за Александар Македонски, овој негов труд се смета за најрелевантен. Во него е зачувана официјалната традиција за Александар, лишена од фантастичните приказни и анегдоти, како и од морализаторските расудувања што се среќаваат кај другите сочувани извори. Значајно е, исто така и неговото дело „Индиска историја“ (Индике) во кое ја опишува пловидбата на Неарх од устието на Инд до Персискиот Залив. Тој е важен извор и за периодот непосредно по смртта на Александар и за поделбата на власта меѓу дијадосите. Тие настани ги опишал во делото „Настаните по Александар“, кое има десет книги. Овој негов труд бил преработен во третиот век од атинскиот историчар Дексип, а негови изводи се зачувани кај цариградскиот патријарх Фотиј I (9 век).

Флавиј Аријан му бил ученик на Епиктет и по неговата смрт објавил неколку дела во кои ги изложил етичките погледи на својот учител. Такви се делата: „Разговорите Епиктетови“ во 12 книги (од кои се сочувани само првите четири), „Прирачникот Епиктетов“ и „Хомилии“ во 12 книги (кои не се сочувани.

Наводи

Надворешни врски

Livius, Arrian of Nicomedia by Jona Lendering Arrian On Coursing: the Cynegeticus William Dansey 1831 Arrianus's voyage round the Euxine Sea: translated and accompanied with a geographical dissertation and maps

Категорија:Родени во 80-тите Категорија:Починати во 2 век Категорија:Римски историчари Категорија:Старогрчки историчари Категорија:Римски филозофи Категорија:Старогрчки филозофи Категорија:Римски војсководци Категорија:Римјани од 1 век Категорија:Римјани од 2 век