Шушенски Бор () — национален парк што се состои од две претставителни шуми на крајниот југозапад на Сибир, во северниот дел на Западните Сајански планини. Северниот дел е лесостепа, а јужниот дел е планинската четинарска шума. На јужниот дел од паркот се граничи со вештачко езеро на реката Јенисеј зад Сајано-Шушенската хидроелектрана, најголемата хидроелектрана во Русија. Шумата има важна биоразновидност и рекреативно значење за планинарење и туристите. Сместен е во Шушенскиот дистрикт во Краснојарски крај.

Топографија Шумата се состои од две секции: помала („Перовски“), што е релативно рамна лесостепа, 60 км северно од планинскиот венец Западен Сајан и многу поголема „Планинска секција“ на северните падини на Западен Сајан. Шумата ја покажува транзицијата помеѓу две климатски зони - лесостепи и тајга, како и различни видови дрвја и шуми на различна надморска височина. Перовскиот дел ( зона на лесостепа, 4,410 ха) и Планинскиот дел (Западен Сајан, 34,760 ха) заедно имаат површина од 39,170 ха. лево|мини|280x280пкс| Положбата на Националниот парк Шушенски Бор Западните и јужните граници на паркот се формирани од Сајано-Шушенското езеро, јужно од Сајано-Шушенската хидроелектана.

Во планинската секција доминира масивот Борус, висок гребен со пет врвови. Највисокиот врв е Мт Поилово висок 2,309 м.

Клима и екорегион Климата во националниот парк Шушенски Бор е „ умереноконтинентална клима “ ( Кепенова класификација на климата Dfb), со големи сезонски температурни промени, со топли и суви лета и ладни зими.Планинскиот дел на Шушенски Бор припаѓа на екорегионот „Четинарска шума на планината Сајан“ (WWF ID # 509). Овој екорегион го опфаќа централниот дел на сибирските планини, во транзиционата зона помеѓу сибирската тајга и монголската степа. Флората и фауната во паркот се различни во зависност од релјефот и надморската височина на паркот.

Флора Со исклучок на тундрата на врвот на масивот Борус, шумата припаѓа во субалпската зона и е поделена на три подзони. Над 1,400 м, преовладува тајгата со светлоиглолисни четинари. Од 900 до 1,400 м е тајга со темноиглолисни четинари. Под 900 м се наоѓа црна борова тајга на богато алувијално земјиште. Во пролетта, алпските ливади стануваат зелени и цветаат.

Фауна Во паркот живеат бројни цицачи како што се: зајак, црвена верверица, кафеава мечка, лисица, елен, срна, мошусен елен, лос и дива свиња. Податоците за птиците укажуваат на присуство на 272 видови, вклучително и сури орел (Aquila chrysaetos), орелот рибар (Pandion haliaetus) и црниот штрк (Cinonia nigra).

Туризам Планинарењето и екотуризмот се популарни поради оддалеченоста и разновидноста на теренот, растенијата и животните. . Постојат добро развиени образовни патеки, а паркот нуди водичи и услуги. Посетителите мора да се регистрираат и да купат билет за планинската секција од паркот. Паркот исто така организира крстарење по езерото (понекогаш наречено „Сајанско Море“).

Користена литература

Категорија:Национални паркови во Русија Категорија:МСЗП-Категорија II