thumb|right|300px|Панорама на езерото Лама
Езерото Лама () е големо слатководно езеро (од тектонско потекло) во Краснојарскиот крај, североцентрален дел на Русија.
Географија Езерото Лама се наоѓа во областа на платото Путоранана , 140 км источно од градот Нориљск, и има површина од 318 км2 (други извори наведуваат 460 км²). Долго е 80 км, а широко 8 км (според други извори, должината изнесува 100 км, а ширината 20 км) со длабочина од 300 до 600 м. Езерото Лама е поврзано со езерото Мелкоје преку реката Лама.Bochkarev, B. "Lake Lama near Norilsk in Krasnoyarsk Krai, Russia", Siberian Wonders, 30 Aug 2011. Retrieved 23 Oct 2014.
Езерото беше истражено и опишано за првпат од страна на рускиот научник Николај Урванцев и неговиот колега Базанов за време на експедицијата реализирана во 1921 година.
Потекло на името Хидронимот Лама потекнува од тунгускиот збор laamu во кој значи море, океан, голема вода.
На картата на Руска Азија објавена во 1911 година од страна рускиот Генералштаб немаше езеро со назив Лама. Езерото беше приближно опишани и беше именувано Давидово. +Слики од езерото
Поврзано
Список на езера на Русија
Наводи
Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Езера во Русија Категорија:Географија на Краснојарскиот крај