Припишмински Бори () — национален парк во Русија . Припишминските шуми се наоѓаат во југозападниот агол на Западносибирската Низина. Паркот штити комплекс од борови и брезови шуми. Околу 10% од површината на паркот се состои од мочуришта, бари, утрини и пасишта. Паркот се наоѓа во Свердловската област, 150 км источно од Екатеринбург и 110 км западно од Тјумењ. Транссибирската железница поминува низ два дела од паркот.
Топографија Припишмински Бори националниот парк е поделен на две секции. Талицката секција, се наоѓа на десниот брег на реката Пишма, југоисточно од градот Талица . Тоа е релативно рамна шума со борови, смреки и ариш. Другата секција, Тугулимска, се наоѓа на 32 км североисточно, во Тугулимскиот дистрикт. Зафаќа предел побогат со мочуришта и плавни ливади на реката Пишма, со шума од ариш, ела и кедар. Во повисоките предели се среќаваат и борови шуми.
Клима Климата во националниот парк Припишмински Бори е умереноконтинентална клима ( Кепенова класификација на климата Dfb), која се одликува со големи сезонски температурни разлики, со топли и жешки(често влажни) лета и студени (понекогаш многу ладни) зими. Врнежите се релативно добро распоредени во текот на целата година; просечната количина на врнежи се 432 mm.
Екорегион Припишмински Бори е дел од екорегионот на Западносибирската тајга (WWF ID # 611), регион кој се одликува со четинарски шуми со бор, смрча и ариш. Слатководниот екорегион е класифициран како „Басен на реката Об“ (FEOW ID # 602) и се одликува со рамничарско речна топографија, континентална клима и бројни видови слатководни риби како штука, чиков и белица.
Наводи
Категорија:Национални паркови во Русија Категорија:Свердловска област Категорија:МСЗП-Категорија II