1752 Ѕвоното на слободата пристигнува во Филаделфија. 1804 Јунона, еден од најголемите астероиди во главниот појас, била откриена од германскиот астроном Карл Лудвиг Хардинг. 1897 Се отвора подземното метро во Бостон, станувајќи првото од тој вид во Северна Америка. 1905 Алберта и Саскачеван се придружуваат во Канадската конфедерација. 1939 Со инвазијата на нацистичка Германија врз Полска започна Втората светска војна. 1985 Заедничка американско-француска експедиција ги открива остатоците на Титаник. 1992 Министерството за надворешни работи на Русија официјално предложи Република Македонија да назначи свој официјален претставник во Москва. 2004 Во рускиот град Беслан започна заложничката драма, кога група вооружени чеченски терористи го нападнаа основното училиште во овој град во Јужна Осетија.
1 септември