Дно () е населено место со административен статус на град на запад од европскиот дел на Руската Федерација . Сместен е во источниот дел на Псковската област и административно припаѓа на Дновскиот општински реон, кој воедно е и административен центар. мини|Зграда на локалната железничка станица Според проценките на Националната статистичка служба за 2015 година во градот живееле 8.089 жители или околу 70% од вкупната регионална администрација.
Важна е железничката раскрсница каде што се сечат железничките линии Псков - Москва и Санкт Петербург - Витепск.
Географија Градот Дно се наоѓа во источниот дел на Псковската област во подрачјето на Хиловската низина, околу 113 километри источно од градот Псков и 123 километри југозападно од Велики Новгород. Лежи на надморска височина од 70 м.
Историја лево|мини|250x250пкс| Споменик на жртвите од Патриотската војна 1941-1944. Во пишаните извори од почетокот на 15 век, во областа околу современиот град, се наоѓале селата Дно Бољшоје и Донце Мењшоје (Големо и Мало Дно). Податоците за селото Донце се изгубени уште од средината на XVI век, а се верува дека селото било напуштено по голема епидемија на чума што ја уништила областа во 1550 година. Според податоците од 1576 година имало 33 домаќинства во Големо Дно. Во документите од 18 век, селото се споменува под името Доншчина.
Современата населба е основана во 1897 година, а неговото потекло е поврзано со изградбата на пругата што минувала низ подрачјето. Во 1925 година, Дно го добил официјалниот административен статус на градот, а две години подоцна стана седиште на истоимениот општински реон.
Демографија Според податоците од пописот во 2010 година во градот живееле 9 061 жител, додека според проценките на Националната статистичка служба за 2015 година градот имал 8 089 жители. +Движење на бројот на жителите1939 година1959 година1970 година1979 година1989 година2002 година2010 година2015 година ---11 66411 69311 75112 14910 0499 0618 089
Дновски аеродром Поранешниот воен аеродром Гривочки се наоѓаше на 4 километри јужно од градот. Аеродромот беше во сопственост на Советското воено воздухопловство, а потоа во јуни 1941 година подрачјето било окупирано од фашистичките германски трупи, а аеродромот го користеле единиците на Луфтвафе. При повлекувањето од тоа подрачје во 1944 година, членовите на Вермахт целосно го уништиле аеродромот, кој оттогаш не бил повторно изграден.
Поврзано
Список на градови во Русија Псковска област Дновска област
Користена литература
Надворешни врски
Порхов на енциклопедијата „Мојот град“ Хералдичка историја на градот Природа, историја и култура на Порхов и неговата околина
Категорија:Градови во Русија Категорија:Градови во Псковската област Категорија:Населени места основани во 1897 година