Дујгас — археолошко наоѓалиште во охридското село Долно Лакочереј. Претставува населба од римско време. Во лозјето на Ј.Грозданоски, кое лежи на околу 100 м североисточно од селото, се откриени делови од хипокауст кои упатуваат на постоење на терми. Во лозјето на К. Маноски се откриени остатоци од градби, а по површината има грамади од камења, фрагменти од питоси и керамички садови.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 247, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
Поврзано Баник — некрополаод римското време; Василички Гробишта — некропола од ран среден век; Градиште — населба од бронзено време; Дујгас — населба од римско време; Лак - Предикамница — населба од римско време; Св. Недела — населба и некропола од римско време; Долно Лакочереј; Список на археолошки наоѓалишта во Охридско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Долно Лакочереј