right|thumb|280px|„Мртва природа со пита, сребрен бокал и краба“ од Вилем Класон Хеда (1658). Масло на платно Франс Халсов музеј, Харлем Вилем Класон Хеда (; , Харлем - ~ 1680, Харлем) — еден од првите холандски уметници исклучиво посветени на мртва природа.
Бил современик и пријател на Дирк Халс, сличен на него по сликовниот детаљ и техничката изведба. Но Хеда бил повнимателен и потемелен од Хеда, покажувајќи особена вештина и вкус во аранжманот и боењето на чашките, пехарите и бардаците од скапоцен или обичен метал. Се чини тој наредил извонредно вкусни нешта: деликатеси како остриги на богата чинија, и често со пресечен лимон, леб, шампањско, маслинки и печива. Дури и пообичните јадења имаат шарм, како да речеме оние со насечена шунка, леб, ореви и пиво.
Едно од најраните ремек-дела на овој сликар, кое датира од 1623 и се чува во Стара пинакотека во Минхен е домашно и домаќинско како и подоцнежните во 1651 во Лихтенштајнската галерија, Виена. Полуксузен оброк е прикажан на сликата „Ручек“ (1644) во Аугсбуршката галерија.
Највеќето слики на Хеда се наоѓаат во континентална Европа, особено во галериите во Париз, Парма, Гент, Дармштат, Гота, Минхен и Виена. Хеда бил славен во својот роден град, вршејќи разни важни функции во еснафите во Харлем. Извршил значително влијание врз младиот Франс Халс.
Наводи
Галерија
Категорија:Холандски сликари Категорија:Сликари од златното време на Холандија