Чешмите - Магда — археолошко наоѓалиште во селото Мешеишта во областа Дебрца. Претставува населба и некропола од доцноантичкото време. Источно и југоисточно од двете селски чешми, во западната половина на селските гробишта и во непосредната близина на куќите на Богдан Крцкоски, Сидор Тупанчески и Димко Костоски, при копањето на темели во 1957 година биле откриени повеќе гробови градени од тегули – тип „на две води“. Исто така биле откриени и остатоци од темели на објекти градени од кршен камен и варов малтер. На наоѓалиштето се најдени монети, а по површината се забележуваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.Коцо, Димче; Грозданов, Цветан (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 252, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Горно Поле — населба од доцноантичкото време; Горно Црквиште - На Мартинец — средновековна црква; Зад Лозја — доцносредновековна населба; Криви Загони - Лозишта — некропола од доцноантичкото време; Редеш — населба од доцноантичкото време; Св. Илија — населба од железното време и средновековна црква; Црвени Брегови — раносредновековна црква и некропола; Црква Св. Петар — доцносредновековна црква и некропола; Црквиште — средновековна црква и некропола; Чешмите - Магда — населба и некропола од доцноантичкото време; Мешеишта; Список на археолошки наоѓалишта во Дебрца; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Мешеишта