Св. Никола — археолошко наоѓалиште во охридското село Сирула. Претставува средновековна црква. На сртот што се наоѓа на 2 км северозападно од селото, по кој минува патот Мешеишта-Сирула, и на околу 200 м од наоѓалиштето Горна Црква се гледаат остатоци од градежен материјал од сакрална градба. Според кажувањето на жителите, на овој простор постоела селска црква посветена на Свети Никола.

Поврзано Горна Црква — средновековна црква и некропола; Сирула; Список на археолошки наоѓалишта во Охридско.

Наводи